ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пронајдени се бројни неправилности во фабрика за производство на канабис, наменета за медицински цели, која работела во Гостивар

Пронајдени се бројни неправилности во фабрика за производство на канабис, наменета за медицински цели, која работела во Гостивар

Полициски службеници минатата недела констатирале сериозни нерегуларности во фабрика во Гостивар која е лиценцирана од Министерството за здравство за производство на канабис за медицински цели. Полицијата ги уапси сопственикот и еден вработен, откако беше утврдено дека имало серија прекршувања на процедурите за одгледување и надзор на канабисот . Властите пронашле и девет буриња полни со исушено цвеќе од канабис, за што фабриката немала никаква документација. Сомнежот е дека канабисот бил наменет за нелегалниот пазар.

Advertisements

„Полициските службеници, во соработка со Комисијата за процена на исполнувањето на условите во врска со просторот, опремата и рамката за добивање согласност за одгледување на канабис за медицински цели, во Министерството за здравство, по прелиминарна наредба на Судот во Гостивар, извршија вонреден претрес и контрола на правното лице кое има согласност за одгледување на канабис за медицински цели, на имот на А.К. 52 години од Република Албанија и А.Р. од Босна и Херцеговина. Упадот и контролата на објектот е извршен во присуство на сопственикот А.К. и вработените Х.Х.И., 29 години од Република Словенија, со постојано живеалиште во Горно Седларце од Тетово, при што се констатирани неправилности во однос на процесот на одгледување на растението канабис, што е спротивно на Законот за контрола на дроги, за што постои сомневање дека производството на канабис било наменето за нелегален пазар “, велат од МВР .

Полицијата поднесе кривични пријави против вмешаните лица. Според постојните закони, покрај кривичното гонење, на компанијата за која станува збор мора веднаш да и биде одземена лиценцата. Но, тоа не се случило со компанијата од Гостивар, иако биле утврдени прекршоци и пред година и половина. Во тоа време, властите извршиле претрес и на други локации и на сите утврдиле дека не се придржуваат до правилата.

Дури и тогаш, полицијата објави неколку видеа од контролите, на кои се гледа како канабисот се одгледува како да е лубеница, во отворена средина без висока и бодликава ограда . Тие, исто така, пронајдоа голем број растенија канабис кои не беа регистрирани. Сепак, останува нејасно зошто лиценца не е одземена и се продолжило со одгледување на канабис.

Од 2016 година, од легализацијата на производството на масло од медицински канабис, издадени се дозволи за работа на околу 70 приватни компании и според анализите, речиси сите од нив не се придржувале до законските правила и извршиле големи злоупотреби. Според анализата на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал, во Западен Балкан постои стабилна, но ограничена побарувачка за производство на производи од медицински канабис, но во регионот постои и нелегален пазар за суво цвеќе од канабис. Всушност, според анализата, канабисот е најконзумираната дрога во Западен Балкан, додека Северна Македонија е главен транзитен центар за трговијата со канабис, произведена во Албанија. Постои загриженост дека дел од пазарот за нелегален канабис се снабдува од компании со лиценци за легално одгледување канабис за медицинска употреба. Според сегашниот закон за контрола на наркотични дроги и психотропни супстанции, канабисот што се одгледува во Северна Македонија, а не се користи за медицински цели, не може да се извезува. Сепак, се чини дека во многу случаи повеќе канабис се одгледува од страна на лиценцирани компании отколку што е потребно за легитимен извоз. Прекумерната понуда на легално одгледуван производ за кој постои голем црн пазар создава очигледни ризици./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button