ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пронајдено телото на момчето кое се удави во езерото Глажња

Спасувачките тимови попладнево во вештачкото езеро Глажња во општина Липково го пронајдоа телото на 29- годишен локален жител по кого се трагаше неколку дена. Во потрагата на момчето кое минатата недела исчезна во водите на вештачкото езеро беа вклучени шест нуркачи од „Тигрите“, осум нуркачи од „Волците“ тимови и нуркачи од ДЗР. Потрагата беше отежната поради лошите услови и слабата видливост.

Advertisements

При потрагата на брегот асистираа и полицајци од СВР Куманово.
29 годишнот Фазли Рамадани, од село Никуштек, на 30 јули влегол во езерото на браната „Глажња“ во Липково и оттогаш се трагаше по него.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button