ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пропадна формирањето на претпријатие за јавно осветлување во Тетово

Пропадна основањето на претпријатие за стопанисување со јавното осветлување што го иницираше општина Тетово. Причините, според првиот човек на општинскиот совет, се поврзани со притисокот што го врши Владата врз општината, поточно од Централниот регистар. Бесар Дурмиши вели дека првиот обид за формирање на претпријатието бил одбиен, но по јавната расправа и жалбата до второстепена комисија, општина Тетово добила такво право.

Advertisements

„Имаме информации дека повторно ќе се обидат во соработка со Централниот регистар да ја запрат оваа постапка и повторно да донесат решение против општина Тетово. Ние не сме тука да играме политички игри или да тераме политички инаети, туку да им служиме на граѓаните, ние како локална и тие како централна власт. Одлуките што ги носат не се на наша штета, туку на штета на граѓаните“, рече Бесар Дурмиши- Претседател на советот на општина Тетово.

Се обидовме да добиеме изјава од челниците на Централниот регистар, но безуспешно. Од друга страна, општина Тетово инсистира дека со формирањето на ова претпријатие би се заштедиле пари од општинскиот буџет.

„Бидејќи знаеме дека цената се менува на берзата, а со оваа одлука со оваа компанија ќе има право директно да стопанисува со струјата, a ќе има и поевтини давачки за граѓаните за јавно осветлување бидејќи знаеме дека даноците се собираат од граѓаните, а не од Владата“, додаде тој.

По вториот обид на општина Тетово да го формира ова претпријатие, се очекува Централниот регистар да донесе одлука во текот на нареднава недела./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button