ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пропадна и третиот повик за приватни превозници, Град Скопје не кажува зошто

Хаосот во јавниот превоз во главниот град ќе продолжи бидејќи пропадна и третиот јавен повик за избор на приватни превозници на линиите каде што нема јавни автобуси. Но, од Градот Скопје не одговорија на новинарските прашања. Немаат ниту најмала транспарентност да ѝ објаснат на јавноста како и кога ќе се решат проблемите што започнаа меѓу нив и приватните превозници, но последиците најмногу ги трпат граѓаните.

Advertisements

Градот Скопје денеска објави нов јавен повик, под истите услови како и претходниот. Се бараат превозници за 16 линии на кои изминативе месеци сообраќаат само малку автобуси на ЈСП кои се преоптоварени со патници. За овие линии потребни се 115 автобуси и 245 возачи. Новиот повик ќе трае до 24 април. Причините кои доведоа до пропаѓање на третиот остануваат нејасни зашто пред околу три недели градоначалничката Данела Арсовска тврдеше дека имало заинтересирани.

Во меѓувреме, граѓаните напразно чекаат автобусите за на работа, за дома или за на училиште. Често пати не можат да се качат поради големиот број патници.

Повеќе од пет месеци приватните превозници не возат поради долгот од над 1,5 милиони евра кој ЈСП го има кон нив. Престанаа со работа во октомври минатата година, а во ноември неколку недели протестираа со блокирање на главните улици во Скопје. Во февруари превозниците постигнаа договор со Градот, долгот да се плати и да се пријават за да почнат со работа.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button