СВЕТ

Пропадна и вториот обид на Северна Кореја да лансира извидувачки сателит

Северна Кореја соопшти дека нејзиниот втор обид да лансира извидувачки сателит денеска не успеа и најави дека третиот обид ќе биде во октомври.

Advertisements

Севернокорејската новинска агенција КЦТА јави дека лансирањето не успеало поради грешка за време на една од трите фази од летот на ракетата.

Претходно, армијата на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала проектил со долг дострел, најверојатно вселенска ракета.

Првиот обид на Северна Кореја да лансира ракета-носач со извидувачки сателит во мај пропадна откако ракетата падна во морето набргу по лансирањето.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button