ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пропадна обидот на Џафери за избор на негов заменик

Пропадна обидот на Џафери за избор на негов заменик

Претниците замина на колективен одмор. Последниот ден претседателот на Собранието Талат Џафери ја свика седницата за избор на потпретседател, но гласањето не се одржа поради немање мнозинство.

Advertisements

Од салата отсуствуваа голем број пратеници на парламентарното мнозинство, кои го известија Џафери дека не можат да учествуваат. Опозицијата оценува дека именувањето на Хисни Исмаили за потпретседател на Собранието е со цел да се обезбеди кворум.

Џафери рече дека Исмаили ќе биде избран за потпретседател на Собранието со гласовите на мнозинството и без потреба од гласовите на опозицијата, која според него влегува во салата само за дневно политички поени.

„Хисни Исмаили, денеска, утре или после еден месец ќе бидете избран за потпретседател на Собранието бидејќи мнозинството од 64-те пратеници се зад вас. Ама не од овие овде што глумат дневна политика. Не, со вакви“, рече Талат Џафери, претседател на Собранието.

Во август нема да има пленарни седници, додека за активностите на 2 август, Денот на Републиката, собраниската делегација ќе престојува во Пелинце.

Пленарната седница во август може да се свика само за исклучителни ситуации, со претходна координација меѓу првиот човек на Собранието и пратениците./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button