Пропадна обидот на Гаши да ја деблокира комисијата за труд
Пропадна обидот на Гаши да ја деблокира комисијата за труд

Првиот обид на претседателот на Собранието Африм Гаши, да ја откочи работата на комисијата за социјална политика пропадна. Toj го ангажираше пратеникот Бејџан Иљас да ја води седницата на комисијата, со единствена точка на дневен ред-пензиско и инвалидско осигурување. Пратеникот Бејџан Иљас во телефонски разговор не информираше дека никој од Собранието не се консултирал со него дали сака и може да ја организира работата на комисијата. Од семејни причини, тој рече дека не бил присутен во Собрание, но и да немал вакви причини, тој одбива да ја води комисијата, бидејќи, тоа би било потценување за неговата колешка од Европскиот фронт, Илире Даути.
За ова реагираа и од Алијансата за Албанците, дел од Европскиот фронт. Оттаму го повикуваат Гаши да се откаже од сценаријата на ВМРО, Левица и СДСМ, за да го деблокира законот за бранителите.
„Од Европскиот фронт нема да испратиме ниеден друг предлог, и нема да прифатиме ниедна друга мрачна игра која Гаши ја зготвил со своите господари, за да го прошверцува законот за бранители, но го повикуваме да не го прави ова со ниту еден друг пратеник, назначувајќи го за претседавач„, рече Елми Азири– АА/ЕФ.
Пратеникот на ВМРО, Драган Ковачки, не сакаше да ги коментира случувањата на оваа тема. Тој рече дека ќе дејствува само според правилата.
.
Според Билал Касами од коалицијата ВРЕДИ, прашањето за бранителите е решено во минатото и тоа решение ги исполнува нивните барања. Ако има нови барања, тогаш треба да се испита и статусот на ОНА.
„Имавме принципиелен став од самиот почеток, ова е деликатно прашање кое треба да има адекватни решенија за двете страни на конфликтот. Се разбира, останатите, во овој случај ОНА беше призната како страна во конфликтот и во Охридскиот договор државата имаше обврска да ги социјализира. Ние само бараме во овие деликатни услови, темите кои продолжуваат да создаваат тензии во земјата, да не се отвораат“, рече Билал Касами – ВРЕДИ.
Поради неставање на дневен ред на предлог измените и дополнувањата на законот за бранителите, против Илире Даути беше изгласана интерпелација во Собранието. Даути подоцна поднесе оставка од позицијата претседателка на комисијата. Оттогаш, оваа комисија, која припаѓа на Европскиот фронт, не е функционална и Европскиот фронт нема намера да предложи нов кандидат за претседател./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу