Пропадна обидот за промена на изборниот модел

И покрај јавното залагање, пратениците во Собранието одбија уште една иницијатива за промена на изборниот модел од шест на една изборна единица и систем со отворени кандидатски листи. Предлагач на иницијативата, претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, за време на презентирањето на иницијативата пред пратениците, зборуваше за важноста од оценување на секој глас, како и за директниот избор на кандидати на отворени листи. Иницијативата доби поддршка само од неколку пратеници од опозицијата.
И покрај фактот што неговите пратеници не гласаа „за“, Мицкоски претходно во текот на денот го повтори својот став дека неговата партија е за изборен модел со една единица.
ДУИ е за модел со една единица, но со изборен праг од 3% од гласачите регистрирани на изборниот список или 5% од гласачите кои излегуваат да гласаат. Алијанса за Албанците на Села е за изборен модел со осум единици. ВЛЕН сè уште не изградила став во рамките на коалицијата.
Фатлуме Дервиши