ВЕСТИРЕГИОН

Пропадна уште еден обид за конституирање на косовското Собрание

Косовското собрание повторно не успеа да се конституира, по 29-тиот обид, поради што следната седница е закажана за среда, 11 јуни, јавуваат приштинските медиуми. Како што објави порталот „Репортери“, од 102 присутни пратеници, 53 гласаа за промена на методот на гласање, на што инсистира движењето Самоопределување.

Advertisements

Партии како Демократската партија, Демократскиот сојуз, Сојузот за иднината и Српската листа не ја поддржуваат идејата на Самоопределување и не учествуваа во гласањето за формирање на комисијата.

Кандидатка на Самоопределување за претседател на Собранието е Албуљена Хаџиу.

Конституирањето на новото Собрание започна со седницата на 15 април.

Изборите се одржаа на 9 февруари, а движењето Самоопределување освои најмногу места во собранието.

Следни се Демократската партија со 24, Демократскиот сојуз со 20, Сојузот за иднината со иницијативата Нисма со осум, Српската листа со девет, а партијата За слобода, правда и опстанок на Ненад Рашиќ има еден мандат.

Останатите 10 места ги држат претставници на несрпските малцински заедници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button