ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пропадна ветувањето на Ејуп Рустеми за делумно отворање на автопатот кон Охрид

Помина и овој понеделник, а од ветувањата на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, за автопатот Охрид-Кичево, кој се гради цели осум години, нема ништо. Тој пред точно една недела најави дека потегот од Требеништа до Охрид ќе биде пуштен денеска, но тоа не се случи.

Advertisements

„Ако одиме сега таму, ќе се види дека се работи на целата траса. Тие административни проблеми кои ги имавме, веќе ги решивме и следниот понеделник ќе биде пуштен во употреба делот од Требеништа до Охрид“, рече Рустеми.

Ова не е прва ваква најава што потоа не се остварува. Рустеми и министерот за транспорт, Благој Бочварски во мај годинава ветија дека десната лента од Требеништа до Охрид ќе биде завршена и пуштена во употреба до почетокот на август, а левата до крајот на годината.

„На денешниот увид на автопатот, делница Охрид-Кичево, со министерот констатиравме дека се пробиени околу 95% од трасата. Најголемиот дел од инфраструктурните проекти веќе се одобрени…“, додава Рустеми.

Граѓаните се разочарани од несериозноста на институциите. كازينو أون نت

„Ќе, ќе, ќе биде. Ќе го пуштат. Ќе го пуштат, ‘ќе’! طريقة لعب البلاك جاك Се вози многу лошо, многу тешко, затоа што излезени се сосема до самиот асфалт. Не може да се пушти овој уште најмалку шест месеци. До каде ќе се пушти? Овој мостот денес го прават…“

„Ова е катастрофа. Јас не знам веќе колку години се прави. كيفية لعب بينجو Немам зборови. Ова уште го немам видено…“

„Ова не е автопат. Катастрофа. Што друго да кажам“, реагираат граѓаните.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Владата на СДСМ со години не е способна да го доврши автопатот.

„…Оттука се гледа дека немаат ниту капацитет, ниту визија, ниту план за развој на државата. Со оваа ненародна и предавничка власт има за жал човечки жртви, застој, бавна динамика и зголемени трошоци, казни и фрлени пари, само автопатот никаде го нема“, рече Грација Бакраческа-ВМРО ДПМНЕ.

Инаку, Рустеми минатата недела се правдаше дека причина за доцнењето на работите, биле временски прилики, ветувајќи дека со подобрување на времето, ќе се засилат и градежните активности. Со вакви и слични ветувања за завршување на автопатот, поминаа осум години.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button