ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Проширена истрагата по апсењето за поткуп на Блаце

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски оценува дека во случајот со земање поткуп од полициски службеници на граничниот премин „Блаце“ потребни се строги санкции. Спасовски во ексклузивна изјава за Алсат навестува дека истрагата за овој случај се проширува за да се утврди дали во корумпираната мрежа се вмешани и други полицајци.

Advertisements

Според Спасовски, полицијата разменува информации со полициите од регионот, односно од Косово и Србија за можен прекуграничен криминал. Според него, голема улога во оваа ситуација имаат и граѓаните.

Од Јавното обвинителство кусо рекоа дека се пристигнати кривичните пријави од МВР. Дали ќе се бара или не – мерка на претпазливост против двајцата полицајци, тоа ќе зависи од обвинителот на случајот кој треба да одлучи и за начинот на кривично гонење, со редовна или скратена постапка, што подразбира дека двајцата полициски службеници осомничени за земање поткуп не може да завршат во притвор додека тоа не го побара Јавното обвинителство.

Нивното пријавување беше во емисијата „Стоп“ на телевизијата Клан, додека Елхам Шкрета и Зилбехар Ракипи се „фатени на лице место“ како земаат мито од 20 евра по патник од јавно сообраќајно претпријатие од Албанија. Косово и Албанија минатата недела уапсија 26 полицајци за злоупотреба на службената положба, поткуп и шверц.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button