ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Проширувањето на ЕУ во регионот станува безбедносно прашање

Се поприсутно е размислувањето меѓу земји-членки на ЕУ дека прашањето на проширувањето станува безбедносно прашање. Ние цело време и алармиравме дека тоа не е само прашање на политичко комплетирање на овој политички проект на ЕУ, туку е прашање на безбедносно консолидирање на континентот кое сега се покажува како слаба точка во услови кога ЕУ треба да игра поважна геополитичка улога, оцени вчера шефот на дипломатијата Бујар Османи. Директорот на Европската иницијатива за стабилност Гералд Кнаус, пак, вели дека ЕУ треба да даде позитивна визија за регионот и до крајот на годината да ги почне преговорите со сите земји од Западен Балкан, а не само да ја игра политиката на движење во круг.

Advertisements

Во однос на перспективата на Северна Македонија и повторувањето на амбасадорите на ЕУ дека земјава прво треба да го реши спорот со Бугарија, па да почне преговори, Кнаус, во интервју за Телма, вели дека Унијата постојано се движи во круг.

– Ова е тоа што јас го нарекувам самозадоволни, празни фрази на политиката на ЕУ која е пропадната. Постојано се движиме во круг. Велиме треба да го решите проблемот со Грција. Потоа треба да го решите проблемот Франција, а сега треба да го решавате проблемот со Бугарија. Потоа, кога ќе ги решите сите овие проблеми, ќе може да ги почнете преговорите кои на пример со Турција започнаа во 2005 година. А каде е Турција денес? Ова не е кредибилен предлог. Ако сега ги започнете преговорите нема да се придружите во ЕУ. Зошто луѓето не се искрени? Во моментов ниту една земја која ги почна преговорите по Турција, сега не е поблиску до членството во ЕУ. Затоа кажувањето дека сега е Бугарија и треба да го решите тој проблем, не води до тоа што е всушност проблемот. На пример, Албанија да преговара. Кој ја запира Албанија? ЕУ ја запира Албанија. Кој ја запира Црна Гора, која ги отвори сите поглавја, зошто не е членка?, истакна Кнаус.

Според него проблемот е во ЕУ и процесот којшто не функционира.

– Мислам дека проблемот стои веќе многу години. Овие игри, кога луѓето доаѓаат во регионот и велат, ние сме ваши пријатели, вие имате европска перспектива и потоа ќе се завртат и луѓето од Брисел велат да, но таа перспектива е дури за 50 години, рече тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button