Прославите за 28 ноември во Скопје излегоа од контрола, ситуацијата кулминираше со кинење на државното знаме

Блокирани патишта, свирежи, пеење и играње по улиците и огномет… Вака се славеше 28 ноември – Денот на знамето во Скопје. Имаше и провокации.
Но, ситуацијата кулминираше кога, како што се гледа на неколку видеа на социјалните мрежи, некои млади луѓе го тргнаа и искинаа македонското знаме на Бит Пазар.
А, некои други во коли кои се движеа многу бавно, одвреме-навреме застануваа на улица да пеат и да играат. Долгите редици граѓани кои избраа да слават на улиците го блокираа главниот град со часови.
Во центарот на градот имаше засилени полициски сили кои ги блокираа раскрсниците за да ги спречат граѓаните да одат кон центарот и владата, со што се урива сообраќајот во главниот град.
Денот на албанското знаме синоќа беше одбележан и во неколку други градови во Северна Македонија, каде што има албанско мнозинство.