ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

„Протече“ извештај на бугарското МНР за францускиот предлог

„Протече“ извештај на бугарското МНР за францускиот предлог

Во Министерството за надворешни работи на Бугарија не се задоволни што македонскиот јазик е чист во предлогот за преговарачката рамка и што протоколите меѓу двете земји не се клучни критериуми за отворање и затворање поглавја. Информацијата ја пренесе Дојче Веле, кој имал увид во официјалниот документ што бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска го доставила до тамошната собраниска комисија пред две недели кога Софија требаше да донесе одлука за францускиот предлог. Во извештајот се даваат оценки за остварените и за неостварените очекувања од рамковниот став што Бугарија го изгласа во Парламентот во 2019 година.

Advertisements
  • Во Преговарачката рамка на француското претседателство се дозволува чиста референца за т.н. „Македонски јазик“.
  • Договорот за добрососедство и Протоколот од чл. موقع رياضي 12 не претставуваат формален критериум за отворање или затворање на поглавјата од преговорите.
  • Не е предвидена улога на Советот на ЕУ (т.е. Бугарија) во оценката дали РСМ го спроведува билатералниот протокол…, пишува во извештајот на МНР на Бугарија.

Како успех за бугарската дипломатија се наведува тоа што дел од рамката е Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година и протоколите кои мора да се потпишат. Нивното спроведување од страна на Скопје ќе го следи и Европската комисија, заедно со обезбедувањето на механизмот за вклучување на Бугарите во Уставот. استراتيجية لعبة روليت

Општа оценка е дека Бугарија успеала да добие предлог кој бил невозможен пред шест месеци. العاب للايفون Официјална Софија тогаш оцени дека е важно да се прифати францускиот предлог за да не биде дополнително обвинувана дека ја држи во заложништво интеграцијата на Западен Балкан.

„По одржувањето на првата политичка Меѓувладина конференција на РСМ и првата Меѓувладина конференција на Албанија за почеток на преговори, патот на двете земји кон нивното членство во ЕУ практично се разделува. Ќе биде тешко да се поткрепат обвинувањата против нашата земја дека поради блокадата на Северна Македонија се стопираат европските интеграции на целиот Западен Балкан. Тоа значително ќе го ослаби надворешниот притисок врз нашата земја и ќе ја зајакне позицијата на Бугарија во однос на Скопје“, се вели во извештајот на МНР на Бугарија.

Бугарското МНР заклучува дека ако сè помине, тогаш Владата ќе треба да подготви и обезбеди кадровски и финансиски акциски план со мерки за постигнување видлив напредок во сите области од билатералните односи со С Македонија./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button