ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Протерани тројца руски дипломати, МНР молчи

Тројца руски дипломати во земјава се прогласени за персона нон грата, објави руската амбасада во Скопје, но за сега нема потврда од македонското Министерство за надворешни работи. Вакавата информација беше објавена на социјалната мрежа Х (Твитер) и во објавата е пренесен и коментар на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Според информациите на руското МНР, оваа одлука била донесена на 12 септември, но немало никакво објаснување од властите за причините. За Русија прогласувањето на тројцата дипломати за непожелни е „неодговорен и непријателски чин“ и најавува дека нема да остане без одговор.