ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Протест на музичарите поради одлуката да може да се свири само на свадби

Наместо во кафе барови или пабови, музичарите денеска својата бина и опрема и музички инструменти ги монтираа пред владината зграда на Илинденска. И наместо жива музика и рок свирка, музичарите решија денеска да тажат бидејќи се загрижени за својата егзистенција. Во знак на револт тие на звучниците пуштија посмртен марш.

Музичарите не можат да разберат зошто е дозволено жива музика во објекти кои организираат свадби, а не и во останатите угостителски локали.

„Не може да седат на маса шест лица да разговараат со полна уста и да боцкаат од иста салата и тоа да не претставува никаков проблем за Комисијата за заразни болести, а музичар да свири виолина во еден ќош претставува страшна закана по здравјето на посетителите или диџеј да е“, вели Џон Илија Апелгрин, Музичар.

Музичарите побараа од власта да ја промени оваа одлука бидејќи според нив, таа е дискриминаторска и да ги прифати протоколите за свирење во локалите кои тие ги доставија до владата пред неколку месеци. Дополнително сметаат дека е во ред да им биде образложено зошто е донесена одлука да може музика на свадба, а не во обичен ресторан.

„Ако сакаа да се реши нашиот проблем можеше да се донесе едноставен протокол и да се постави плексиглас пред нас и ние автоматски ако бевме извор на пандемија или епидемија ќе бевме решени. Или можеа да нè вакцинираат бидејќи сме ние единствена дејност 100 отсто забранета“, рече Трајко Симоновски, претседател на Здружение „Музика Сега“.

Поддршка на музичарите дадоа и од Независната угостителска комора кои сметаат дека протоколите за работа на угостителските објекти се нелогични и не може владата да одлучува каде може музика, а каде ќе биде забрането да се свири во живо.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button