Протест на пред зградата на Владата во Албанија, организиран од демократската партија
Протест на пред зградата на Владата во Албанија, организиран од демократската партија
Протест на пред зградата на Владата во Албанија, организиран од демократската партија, поддржан од другите опозициски партии.
Протестот прерасна во физичка пресметка меѓу граѓаните и полициските сили. Следуваше масовно фрлање молотови коктели и пиротехнички средства кон зградата и кон службениците на државната полиција. Портпаролот на полицијата преку мегафон ги повика демонстрантите да престанат со актите на насилство. Од експлозиите се запалило дрвото пред кабинетот на премиерот, но пожарникарите успеале навреме да го изгаснат пожарот.
Протестот на ПД е организиран против затворањето на пратеникот Ервин Салијањи. Демократската партија го опиша протестот како почеток на граѓанска непослушност. Опозицијата издаде и неколку услови: бараат слободни избори, техничка влада и ослободување од затвор на Сали Бериша.