ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Протест на СДСМ пред МОН поради непокачените плати на наставнциите
Протест на СДСМ пред МОН поради непокачените плати на наставнциите

Опозициската СДСМ во пресрет на новата учебна година протестираше пред Министерството за образование и наука барајќи зголемување на платите за наставниците. Првиот човек на оваа партија Венко Филипче рече дека одбивањето да се покачат платите годинава е понижувачки за наставниците. Тврдењата дека немало пари во буџетот се само изговор- рече Филипче.
Но, ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДСМ била партијата која ги деградирала наставниците и затоа според оваа паертија пропаднал денешниот протест на опозицијата.
Денешниот протест на СДСМ не наиде на поддршка од Синдикатот за образование, наука и култура, кој повика на деполитизација на образованието. /Alsat.mk