ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Протест на семејствата на загинатите – се бара ново обвинение

Протест на семејствата на загинатите – се бара ново обвинение

Со поставување на 14 изгорени маици на местото каде што се наоѓаше модуларната болница и палење на 14 свеќи во спомен на оние кои ги загубија животите на ова место, семејствата на жртвите побараа правда и целосно расчистување на овој случај.

Advertisements

„Како членови на семејството, итно бараме отворање на судската постапка за пожарот.

Повторно судење и преиспитување на одлуките од претходното судење во тетовскиот суд. Разрешување на Републичкиот обвинител Јовески, заедно со Главниот обвинител за Тетово Бесир Алиу, обвинителите Зорица Павловиќ, Дејан Петрески, Ханефи Амети и други инволвирани во кривичното дело. Нема правда, нема мир. “

„Целото обвинителство тука ја направи најголемата измама, игнорирајќи ја германска експертиза и земајќи ја предвид експертизата на Скопскиот факултет каде што се колеги со едниот осомничен за кривичното дело, а друг кој ја фалсификувал изјавата“

„Нема правда тука, но немаме намера да застанеме и ќе ги продолжиме протестите. Ќе ги информираме сите жители и медиумите и ако е потребно ќе одиме и во Скопје пред Републичкото обвинителство за да има поголем притисок и протест “

„Заштитата на интересите на различните кланови и олигарси во голема мера ги револтираше луѓето и верувам дека овој протест нема да запре тука. Сите луѓе се лути и бараат правда, сакаат да живеат во нормална држава во која ќе има сигурност за сите. Во моментов не сме безбедни во оваа земја. “

Организаторите соопштија дека протестите ќе продолжат и во иднина, не исклучувајќи ја можноста за одржување на протест пред Обвинителството во Скопје. Пред две години, на 8 септември, избувна пожар во модуларната болница во Тетово, и загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти и двајца роднини на хоспитализирани пациенти. Во јуни годинава, тетовскиот суд ги осуди Флорин Бесими и Артан Етеми на 1 година и 6 месеци условна казна а треба да платат и 1 милион денари за непреземање мерки за заштита од пожар во модуларната болница во Тетово. Докторот Бобан Вучевски и тетовската клиника како институција беа ослободени од обвиненијата.

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button