
„За себе сте мајка, за нас маќеа“ и „За вас европски плати, за нас нема ни додатоци од 25 проценти“…
Ова беа само дел од пораките кои ги испратија претставниците на независниот синдикат на државната управа и судските служби, кои протестираа пред Судовите барајќи повисоки плати.
Доколку не се послушаат нивните барања, најавуваат прекин на работата од септември.
Тие велат дека незадоволството не е само во правосудниот систем и дека во рамките на синдикатот ќе има повеќе протести и за други гранки.
Ајнур Бафќари