ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Протест на судската администрација: Повисоки плати или генерален штрајк од 1 септември

Со транспарент „Европски плати за вас и за нас“ судската администрација денеска побара да им се вратат додатоците на плата укинати со истиот член кој им овозможи зголемување на платите на избраните и именуваните лица од 78%. Судските службеници бараат нов закон за независен судски буџет и нов закон за судска служба.

Advertisements

„Денес штрајкуваме во сите судови, Основен Битола, Струга, Охрид, Штип, Свети Николе, Тетово… Најавуваме генерален штрајк од први септември. Ќе блокираме и улици и нема да може од наши средства да се полни буџетот. Нема да се вадат ни уверенија за неосудуваност, ни за трето дете, да видиме каде одат овие пари“ рече Јасмина Величкова претседателка на Независниот синдикат на судската администрација.

Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера не им го потпиша одобреното покачување од 15 % за додатоци на плата. Величковска вели дека судската администрација нема претстава зошто министерот не ја потпишал одлуката, а на денешниот протест судските административци кажаа и дека се против усвоеното покачување на платите за само 10 %.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button