ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Протест на учениците Албанци од Идризово

Учениците Албанци од Идризово со своите родители денеска протестираа пред општина Гази Баба барајќи да се отвори паралелка по албанкси јазик од шесто до деветто одделние. Тие велат дека ниту едно друго решение не е прифатливо за нив, освен паралелка. Со градоначалникот на општината се сретнаа претставници од Советот на родители, кои по средбата изјавија дека им било кажано дека ќе се гради ново училиште, зашто во постојното нема услови. Според Стефковски, барање за локација за градба на ново училиште е веќе поднесена до Владата, Министерството за транспорт и Министерството за образование.

Advertisements

„Кога беше во неволја не молеше сите да му го дадеме гласот, а сега со оваа изјава што ја дава е срам за неговата општина…

„Ќе се бориме до крај за нашиот јазик, за албанскиот јазик “…

„Училиштето веќе постои. Ќерка ми има 50 години, учеше албански. Имам три деца, тие учеа албански. Не знам што сакаат и кој е крив. Како се вика, Боби Стефковски, што ти пречи, што е проблемот, зошто не дозволуваш. Ако не сака, слободно да затвори од прво до петто“, реагираат жителите.

„Тој не ни даде понуда, туку рече, бидејќи другите учеле досега, нека учат и овие другите до изградбата на училиштето“, рече Ризван Сефери, совет на родители.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button