Протест на вработените во Јавното претпријатие „Улици и патишта“
Протест на вработените во Јавното претпријатие „Улици и патишта“

Вработените во „Улици и патишта“ протестираа пред Град Скопје затоа што се уште не ја земале ноемвриската плата и К-15.
Претседателот на синдикатот, Марјан Ристески вели дека сметката на компанијата е блокирана, возилата се нерегистрирани и дека работниците работат во мизерни услови. Од „Улици и патишта“ за протестот велат дека е политизиран и ја обвинуваат Владата дека им наштетува на претпријатијата на Скопје, а додаваат дека работниците си ги земале платите.
„Мицкоски, пред да продолжи да ги оштетува претпријатијата на Скопје и на Град Скопје, треба да ги извести граѓаните дека работниците од јавното претпријатие „Улици и патишта“ земале плата, па затоа е нејасно зошто Синдикатот протестира. Воедно, Мицкоски треба да ги информира дека за линеарни покачувања на платите и К15, кои се барања на синдикатот, одлуката ја носи Управниот одбор на претпријатието, чии членови ги избира токму ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ЈП „Улици и патишта“.
Протестот пред град Скопје на вработените во Јавното претпријатие „Улици и патишта“ беше мирен и траеше околу еден час./Алсат.мк
Авни Тахири