ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Протест на вработените во УЈП, бараат повисоки плати за 30%

Вработените во Управата за јавни приходи ќе започнат генерален штрајк на работните места ако не го добијат договореното покачување на платите за 30 проценти. На предупредувачки протест пред Министерството за финансии, вработените од УЈП денеска упатија порака министерот Фатмир Бесими да го потпише колективниот договор за да може платите да им бидат зголемени. Според нив, новиот колективен договор бил постигнат заедно со Бесими, но нејасно е зошто сè уште не го потпишал.

„Во постапувањето заедно со финансии можам најодговорно да ве информирам дека се дојде до содржина која со нашите отстапки беше прифатлива за сите страни. Се сметаше за завршена работа, но до денеска ние формално согласно правилникот, немаме добиено согласност да се примени колективниот договор. Доколку дојде до поголеми облици на протест мислам дека сите треба да бидеме свесни дека ќе бидат загрозени повеќе витални функции во општеството“, вели Васе Неданоски, претседател на синдикалната организација.

Незадоволството на вработените во УЈП доаѓа откако Бесими реши да ги зголеми платите за 30 проценти, но само на вработените во неговото министерство, а не и во другите институции кои се под капа на истиот ресор.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button