ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Протест на вработените во УЈП за поголеми плати

Вработените во Управата за јавни приходи преку протест го искажаа својот револт од непокачувањето на платите. Агрон Емини од Синдикатот на вработените во Тетово рече дека неколку пати поднеле барања за зголемување на платите за 30 проценти. Емини додава дека според законот, вработените во оваа Управа имаат право на зголемување на платите.

Advertisements

„Сметаме дека ова зголемување од 30 проценти ни следува и нас како дел од Министерството, затоа излеговме да го изразиме нашето незадоволство. Овој протест е и продолжение на континуираните обиди веќе една година кога доставивме аргументирано барање за зголемување на платите врз основа на тоа дека со сите параметри од колективниот договор што ги имаме како синдикат ни следува. За 15 години, од 2009 година имаме само пет проценти зголемување“, рече Агрон Емини, Синдикат на работници на УЈП Тетово.

Од Управата за јавни приходи велат дека заедно со претставници на синдикатот го составиле новиот текст на колективниот договор и дека се остварени повеќе средби со Министерството за финансии. Од таму велат дека се во завршна фаза за реализација на барањето на вработените. Од друга страна, вработените велат дека доколку не им се исполни барањето ќе продолжат со протести.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button