ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Протест на жители од Чаир и Бутел против изградба на зграда

Жителите на општините Бутел и Чаир излегоа на протест против изградба на повеќе катница која според нив ќе го попречи нормалното живеење во населба. Според планот зградата треба да се гради во земјиште кое припаѓа под општина Бутел, но засеганати се жителите на Чаир бидејќи се наоѓа на самата граница помеѓу општините. Жителите велат дека ќе собираат потписи за да спречат изградба на зградата.

„Ве повикавме да алармираме за иницијативата на приватниот инвеститор, кој планира да гради  30 метри висок ѕид пред населбата каде што живееме и нема да дозволиме вакви нестандардни иницијативи да се донесат. Инвеститорот не сме го виделе, комунициравме и го повиковме да разговараме да ја ревидира иницијативата, не се против да гради но не да гради ѕидови од 30 метри.“

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски вели дека станува збор за земјиште кое е повеќе од десет години приватно, а за изградбата на зградата веќе имале јавна дебата на која мал дел на жители се пожалиле но ги надминале проблемите.

„Се работи за приватна иницијатива која што сопственикт на земјиштето си ја плаќа, веќе е во фаза во Град Скопје извршени се сите консултации, имавме јавна анкета која траеше еден месец. Сопственикот побара да се стопира во моментов мислам дека е во фаза на стопирање ќе бидиме што ќе се случува. Бидејќи е приватна иницијатива ние како општина мора да излеземе на одговор на тие барања. Она што дупот го дозолува е  да биде зграда“ч

Првичната замисла на сопственикот на земјиштето била изградба на единаесет спратови, од општина Бутел дозволиле изградба на седум спратови, но од град Скопје ја намалиле на пет.

Andrea Cobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button