МАКЕДОНИЈАСВЕТ

Протест пред руската Амбасада во Скопје по смртта на Навални

По смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, претставници на невладината организација ЦИВИЛ пред амбасадата на Русија во Скопје прочитаа протестно писмо, со кое бараат одговорност за неговата смрт. Според нив, за смртта на еден затвореник директна вина има државата. Од Цивил додадоа дека на рускиот претседател Владимир Путин треба да му се суди за, како што велат, злосторствата, пред Меѓународниот суд на правдата.

„Одговорноста за смртта на затвореник е на државата! Итно ги повикуваме руските власти да дозволат независна истрага за околностите на смртта на Алексеј Навални во сибирската казнена колонија. Се придружуваме кон барањата за ослободување на сите политички затвореници во Русија!“, вели Драган Мишев, „Цивил“.

„Иако телото на Навални подлегна на бруталноста на режимот, неговото наследство живее, овековечено во срцата и умовите на илјадници храбри руски граѓанки и граѓани кои, во чествувањето на неговиот живот, се соочуваат со бруталност и смрт од рацете на руската влада“, рече Диана Тахири, „Цивил“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button