ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Протест пред Владата на пациентите болни од цистична фиброза

Здружението на заболени од цистична фиброза протестираше пред Владата уште еднаш да го крене гласот за итната потреба од лекот Трикафта, еден ден по смртта на пациентот Благојче Илиевски на кој му беше ветено обезбедување на терапија.

Advertisements

Демонстрантите побараа одговорност од Министерството за здравство за ненавремено обезбедување на лекот, кој починатиот пациент го чекаше веќе две години.

Во меѓувреме, министерот Сали рече дека неговиот ресор не може да биде главен одговорен за обезбедување на лекот. Тој уште еднаш потсети дека веќе е обезбеден буџет за 8 пациенти со цистична фиброза од вкупно 30.

„Синоќа изразив сочувство до сите членови на ова Здружение. Ја знаат мојата подготвеност да го решам овој проблем, кој беше комплициран од други фактори, а не од Министерството за здравство. Имајќи предвид дека министерството не ги купува лековите, туку го организира системот и на институциите им дава овластувања што можат да ги користат и како да се организираат“, рече Сали.

Премиерот Ковачевски рече дека поради бирократските процедури се создадени компликации во набавката на конкретни лекови од странство.

Лекот Трикафта, кој го бараат пациентите со ретката болест цистична фиброза, кај нас го нема, а неговото обезбедување е многу скапо. Овие пациенти во отсуство на Трикафта се лекуваат со алтернативни лекови како што се разни антибиотици и други медицински методи.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button