ВЕСТИ

Протест во чест на Реџаил Ќерими

Со мотото за правда и расчистување на политички монтирани случаи, се одржа протестен марш во чест на Реџаил Ќерими, осудениот на доживотен затвор за случајот „Алфи“ кој почина во затвор минатата недела. Демонстрантите од плоштадот Скендербег заминаа пред канцеларијата на Европската Унија каде побараа меѓународна истрага за случајот „Алфи“ и другите случаи.

Advertisements

“Во оваа прилика нашите повици се упатени пред се на меѓународните институции да преземат мерки за запирање на овие дивјачки и варварски дејствија врз албанскиот слободољубив и мирољубив народ. Да се интервенира кај властите на оваа држава за обезбедување и гарантирање на законските права на Албанците, за разгледување и решавање на барањата на насилно замолчените Албанци со терор од страна на државните органи, Нагип Јонузи, Организациски совет на протестот

Братот на покојниот Реџаил Ќерими ја обвини политиката за организирање монтирани случаи, а изрази сомнежи и за смртта на неговиот брат. Обвинувања против властите упати и Бедри Ајдари, претставник на роднините на осудените во случајот „Монструм.

“Би рекол дека политиката е виновна за сите овие монтирани случаи, а политиката дефинитивно си поигрува со Албанците и со судските процеси. Затоа јас немам што повеќе да кажам освен искрено да ги проколнувам политичарите кои постојано си поигруваат со луѓето и затворениците на кои постојано им инсценираат и монтираат случаи“, Јетула Ќерими, брат на Реџаил Ќерими

„Северна Македонија конечно треба да ги избегне овие случаи, преку трикови и со убивање на сопствениот народ и обвинување на невини граѓани од албанска етничка припадност “, Бедри Ајдари, претставник на осудените во случајот „Монструм“ ги обвини властите.

Организаторите на маршот порачаа дека нема да престанат да бараат правда и дека ќе има и други протести за расфетлување  на политички монтирани случаи. /Алсат.мк

Мефаил Исмаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button