
Десетици жители на селото Палчиште протестираа пред општина Боговиње поради немање вода за пиење. Жителите го обвинија првиот човек на општината дека не го одржал ветувањето за водоснабдување на селото, и дека не инвестирал во никакви други проекти. Жителите бараа градоначалникот на Боговиње да им даде појаснувања, но тоа не се случи.
„Од протестот во август до сега сме чекале да го исполни ветувањето дека ова било прашање на денови, но како што гледате ова стана прашање на месеци. Градоначалникот на општината треба да дојде овде пред нас и да каже дека ќе ги исполни ветувањата што ги потпиша, и протестот веднаш ќе престане“, рече Вулнет Хакики, претседател на МЗ Палчиште.
„И тоа малку вода што ја имаме во Палчиште не е за пиење, зар не е срамота. Дојдовме во општина Боговиње, и срамота е да не се појави пред нас пред медиумите. Ние сме граѓани на општина Боговиње. Приоритет ни е на водата”, рече еден жител.
Се обидовме да добиеме изјава од градоначалникот на општина Боговиње, Бесник Емшиу, но тој не беше во просториите на општината. Жителите на Палчиште најавија секојдневни протести пред општината, до решавање на ова прашање, а во меѓувреме не е исклучена радикализација на овие протести, доколку градоначалникот не го исполни ветувањето./Alsat.mk
Башким Сулејмани