ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Протест за случајот „Монструм“, блокада од Чаир до ОЈО

Семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“, за денеска во 13.30 часот најавија протест во Скопје, откако во завршните зборови на последното судско рочиште за случајот, Основното јавно овинителство (ОЈО) побара највиски казни за нив поради петкратното убиство кај Смилковското езеро.
Според полицијата, протестот е закажан со почеток во 13.30 часот, а ќе почне од парк Чаир и ќе продолжи со протестен марш по улицата „Цветан Димов“, па по булеварот „Крсте Мисирков“, по булеварот „Гоце Делчев“ и потоа, заедно со група која што ќе се собира пред „Скендер бег“, ќе се упати по улицата „Филип Втори Македонски“ до Oсновното јавно обвинителство. Според пријавеното, протестот ќе трае три часа.