Протест за сообраќајката кај Сити Мол, роднините незадоволни од казната за возачот

Откако судот му изрече тригодишната затворска казна на Јордан Ѓоргиев, кој во јануари ја прегази радовишанката Викторија Николова кај Сити Мол, денеска на протест пред Кривичниот суд се собра семејството, родините и пријателите на жртвата. Тие се незадоволни од судската пресуда. Но, од судот соопштија дека ниту еден загубен човечки живот не може да биде надоместен со било каква пресуда и изразија сочуство до семејството.
„Најголемата закана за правдата е неправда. Ја имаме кај нас во државата, благодарение на судовите во изобилие, 31 година. Ја добивме и пред четири дена. На предметот за кој се расправаше за смртта на Викторија Николова и повредениот Леонид Даов, успеавме да видиме дека овде ниту се битни закони, ниту некој бара правда, ниту имаме владеење на правото“, рече Владимир Михајловиќ, адвокат на семејството Николови.