Протест за загадениот воздух, се бараат итни мерки

Додека на веб-страниците за светскиот индекс на загаденост на воздухот, многу градови во Северна Македонија се претставени како места кои дишат нездрав воздух… На официјалната страна на Министерството за животна средина ситуацијата е поинаку претставена. На оваа страница доминира зелената боја, што значи дека загадувањето е на ниско ниво во повеќето градови во земјава. Но, во некои од најчувствителните точки на загадување се гледа дека мерните станици делумно работат.
Многу градови во Северна Македонија имаат сериозни проблеми со загадувањето, а меѓу нив е Струмица. Струмичани во сабота на 1 февруари ќе протестираат во организација на граѓанската иницијатива „Здрава долина“.
Загадувањето на воздухот во градот Струмица, последните денови го вклучи алармот за заштита и препораки за граѓаните. Ова се должи на зголемената концентрација на штетни честички. Поради надминување на прагот на тревога, на 8 јануари за овој град беа изречени мерки и препораки кои подоцна беа укинати. Алсат стапи во контакт со општина Струмица и тие се согласни дека загадувањето е сериозен проблем за оваа општина, но потенцираат дека покрај ангажманот на локалните власти, потребна е помош и од други институции.
„Ние сме сериозно посветени на решавање на овој проблем преку спроведување одржливи политики и еколошки решенија. Но, мора да нагласиме дека овој проблем не може сама да го реши Општината, бидејќи не е само Општината надлежна за ова прашање, туку и државните институции и инспекторати. Потребни се заеднички и координирани напори за да се реши овој проблем“, велат од општина Струмица.
Реакции за аерозагадувањето има и од членови на советот на општина Прилеп од редовите на СДСМ.
По извештаите за зголемено загадување на воздухот, властите ја засилија инспекциската контрола. Минатата недела мобилната единица за сообраќај и безбедност на патишта при Министерството за внатрешни работи извршиле 1.850 контроли на возила. Кај 4 возила се откриени неправилни уреди за мерење на емисиите
Ајнур Бафќари