Протести на отворањето на клубот „Цар Борис Трети“

Стотина граѓани, денес се собраа во Охрид, протестирајќи против отварањето на новиот бугарски клуб во земјава, кој го носи името по уште една контроверзна личност, од бугарската историја, Царот Борис трети. Протестот беше организиран од Левица и од ВМРО ДПМНЕ.
Насобраната толпа во центарот на Охрид, извикуваше: Татари, фашисти и пееше патриотски песни.Тие бараат да не се дозволи отварањето на клубот во Охрид со ова име, кое го носи по Цар Борис 3“.
Претседателот на клубот, Томе Блажески, вели дека немаат никаква лоша намера и оти не прекршиле ниту еден закон.
„Немаме некои нацистички, неонацистички или фашистички движења, а доколку имаме нас нека не судат. Ниту сме помислиле да направиме некаква провокација, ниту ништу. Ние си живееме во Македонија и Охрид“, вели Блажески.
Во еден момент протестите ескалираа,насобраните граѓани почнаа да маваат со јајца кон канцеларијата на клубот. Но полицискиот кордон спречи толпата да ја премине улицата и да стигне до клубот.
„Овој Цар Борис, бил фашист. И не му е местото тука.Треба оваа влада да му забрани, а не да му даде одобрение“…
„Зарем не му е местото на Христо Узунов овде, ако е така,уаа за ова. Зарем нашиот познатиот Григор Прличев, на само стотина метри од овде е неговата биста, зарем таа повеќе не значи од сето ова. Срамота за Македонија и за сите кои ги дозволуваат сите овие работи“, рекоа граѓаните.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека во последниве две години има обиди за ревидирање на историските факти и за искривување на вистината за Холокаустот на Евреите од Македонија.
„Не спорно е дека ќе продолжат обидите за ревидирање на историјата на Македонија и претставување на окупаторите како ослободители. Затоа, уште денес, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Закон за измена и надополна на Законот за здруженија и фондации со што не само што ќе се спречи идно формирање на вакви квази културни клубови, туку и ќе може да се реагира за веќе постојните кои власта на СДСМ дозволила да се регистрираат и е нивни соучесник“, рече Рашела Мизрахи-ВМРО ДПМНЕ.
Од ОЈО Охрид, оформија предмет по допрен глас. Ќе истражува дали има пропусти при регистрацијата.
Мики Трајковски