
Булеварите во главниот град денес беа местото каде што полициските службеници го изразија својот револт.. Полицијата и Независниот синдикат на полицијата излегоја на протест барајќи подобри усови за работа и плата. Тие велат дека без додатоците за минат труд, нивната плата е пониска од минималната. И бараат основната плата да важи и за нив.
„Во различни градови во државата судовите кажуваат дека на едни полициски службеници треба да се исплати повеќе плата а во Скопје велат дека е доволна оваа плата што ја зимаме, така ќе му дојде. Поради тоа што веќе со овие пресуди колегите имаат наплатено и и е докажано дека нивната плата е испод минимална а за жал скопските судови велат дека тоа не следува”, рече Мартин Ефремов – Независен синдикат на полицијата.
Од Независниот синдикат на полицијата потседија дека секојдневно се тие тука за редот и мирот во градот, но за тоа се платени минимално.
„Дали овие господа во фотељи знаат што значи да бидеш полицаец, кога има протести, полиција, кога се нарушува јавен ред и мир пак полиција, кражби асистенции секогаш полиција, ковид криза пак полиција, од 2000 до денес апсења, шарени револуции. бегалска криза а да се запрашеме колку жртви дадовме, колку колеги прерано не напуштија. А за што работиме за која плата под минималецот одбијте ги законските додатоци кои што ни следуваат ќе видите основната плата на полицијата е под минималната во државата“, велат од Независен синдикат на полицијата.
Од Независниот синдикат на шумската полиција му порачаа на Министерот за Земјоделство Цветан Трупуноски дека кога бил дополнителен технички министер им ветувал се и сешто, а сега не се јавува на нивните повици.
„ На двата состаноци кои ги имавме со него ни беше ветено дека после новогодишните празици ќе почнат со работа работните групи во однос на колективниот договор за сега да не ни одговара ниту на пораки, ниту на дописи, ниту на барањата за да почне работата на работната група“, велат од Независен синдикат на Шумската полиција .
Од Министерството за внатрешни работи велат дека незадоволството од овој протест, не е насочено кон МВР туку кон постапувањето на одредени судови во преседите во кои полисиските службеници ги остваруваат некои свои права./Алсат.мк
Ангел Димовски