Протести, се бара затворање на депонијата во Буково
Протести, се бара затворање на депонијата во Буково

Со мирен собир и потпишување на петиција, со која се бара итно затворање на депонијата Буково, Охриѓани го изразија својот револт од игнорантскиот однос на сите досегашни власти, кои постојано ветуваа решавање на овој сериозен проблем. Со паролите, „Без здравје се е ништо“ и „Збогум Буково“, тие упатија порака до власта да се заложи за што побрзо отпочнување на изградба на регионалната депонија за Југозападниот и Пелагонискиот регион, во битолското село Новаци.
„Сите рокови се пробиени.Планот за затворање на депонијата Буково, според сите стратешки документи, донесени и од општината и од министерството биле до 2021 година.Меѓутоа проблемот се уште не е решен и тапка во место. Обезбеден е кредит за решавање на регионалната депонија, но за жал проблемот е заглавен во процедури во тендери, а здравјето на граѓаните неможе да чека. Сведоци сме дека отровните чадови секојдневно стигнуваат до градот па и на ресенска страна“, рече Зороски-Иницијатива -„Збогум Буково“.
Со години охридскиот отпад се носи во депонијата Буково, која се наоаѓа меѓу Охрид и Ресен. Таа многу често е запалена, и од неа се шири густ чад, кој ги труе жителите и туристите кои на лето престојуваат во градот.
„Воздухот не бира ни политика, ниту која нација или верска припадност сме ние, партиска или било каква и затоа сме тука. Бараме сите доброволно да пристапат до иницијатива,преку која би извршиле институционален притисок“, рече Димитри Димитров-граѓански активист.
„Огромна е одговорноста на локалните власти, сегашните, претходните и било кои власти што досега овој проблем воопшто не е прироитет на нивната агенда“, нагласи Лиљана Илиеска-Иницијатива „Збогум Буково„.
Депонијата ги труе и жителите на Ресен и околните села во Преспа.
„ Во последните 10 месеци од јануари навака депонијата не е воопшто изгасната. Штом ќе дувме ветар од запад према исток во Крушје не се живее. Не само во Крушје, во цела Преспа“, додаде Димче Ивановски-жител на село Крушје.
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков вели дека четири до пет години, ќе трае процесот на средување на состојбата во Буково.Тоа значи дека граѓаните уште години ќе живеат со овој проблем и ќе се гушат во смредата и чадот кој доаѓа од депонијата./Алсат.мк
Мики Трајковски