ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Протести во Скопје – еве кој сè бараше повисоки плати

Центарот на Скопје блокиран, не поради „блек фрајдеј“, туку поради штрајкови. Всушност, дури и демонстрантите денот го нарекоа „Црн петок“ бидејќи целата јавна администрација ја напушти работата за да го изрази својот револт. Со транспаренти во рацете и свирежи, демонстрантите тргнаа од судските простории кон Собранието. Синдикатот на вработените во судската администрација и Обвинителството повторно бараат зголемување на платите.

И покрај зголемувањето на платите од 10 отсто од септември според новиот колективен договор, синдикалците стравуваат дека ќе бидат тргнати настрана со законските измени што се очекува да бидат направени. Синдикалците се заканија дека ќе ја бојкотираат работата.

На протестот му се приклучија и вработените од јавниот сектор, односно од канцелариите на Народниот и на Државниот правобранител.

Денеска имаше протести и во здравството. Лекарите штрајкуваа пред Министерството за здравство со барање за зголемување на платите, подобри услови за работа и прилагодување на нивниот статус на работното место.

Попладнево се појави и трет протест. На улица излегоа здруженија за заштита на правата на Ромите. Обвинија дека во државата има селективна правда со која се дискриминираат припадниците на ромската заедница.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button