Протестите на граѓаните принудуваат јавна расправа за подобрување на сообраќајната безбедност
Протестите на граѓаните принудуваат јавна расправа за подобрување на сообраќајната безбедност

На предлог на парламентарното мнозинство, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ја изгласа потребата од одржување јавна расправа на која ќе се анализира и расправа за подобрување на законската регулатива, со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот. Пратеникот Никола Мицевски, презентирајќи ги предложените амандмани, побара од пратениците да не го политизираат прашањето.
Потребата за дебата беше поддржана од Левица и Европскиот фронт
„Верувам дека од јавната расправа ќе произлезат и други предлози кои ќе го оспорат регулирањето на други прашања кои имаат врска со правдата, правосудниот систем воопшто, затоа што го видовме примерот од овие денови кога правдата, според нашите оценки, не постапил во согласност со објективната реалност“, рече Елми Азири – Европски фронт.
Дебатата ќе се одржи во петок на која ќе бидат поканети да учествуваат релевантни институции и тела, граѓански организации и експерти. Оваа иницијатива доаѓа по притисокот од демонстрантите за убиството на 22-годишната Фросина Кулакова ноќта на 29 јануари. Бараат правда и построги казни за „лудите“ возачи во сообраќајот./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу