ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Против градоначалникот и секретарот на општина Охрид е поднесена кривична пријава

Денес МВР, поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Крил Пецаков и секретрот на општина Охрид, Александар Китески, за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, СВР Охрид до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против К.П.(37) и А.К.(37), двајцата од Охрид. Пријавените, на 19.01.2022 година се тестирале за дијагностицирање на Корона вирус и, наместо во самоизолација, согласно одлуките за превентивни препораки за заштита на здравјето на населението од заразната болест, истиот ден, присуствувале на јавната верска манифестација по повод верскиот празник „Богојавление- Водици 2022 година“ одржана во Охрид“, велат од МВР.

Од ВМРО ДПМНЕ, велат дека станува збор за политички монтиран случај.

„ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид јавно ја осудува хајката којашто се води против градоначалникот Пецаков додека властите молчат за премиерот Ковачевски. Ја информираме јавноста дека се работи за политички монтирани случаи за градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот Александар Китески. Сагата продолжува со избрзани и неосновани кривични пријави од страна на СВР Охрид. По партиска директива, не дочекаа ниту да им заврши изолацијата и покрај добиените негативни тестови, па да ги повикаат на информативен разговор. Прашањето е како успеаја да ги соберат информациите и податоците без изјави особено од засегнатите страни, за така да ја состават кривичната пријава и да ја достават до надлежниот јавен обвинител?- стои во реакцијата од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button