ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Противпожарната единица и СВР Тетово работат превентивно, за спрежување од ширење и избувнување на наови пожари

Противпожарната единица и СВР Тетово работат превентивно, за спрежување од ширење и избувнување на наови пожари

Алармот за зголемување на температурите во наредните денови ја стави во целосна готовност противпожарната единица во Тетово. Првиот човек на единицата вели дека почнале со превентивни мерки за спречување на ширење на пожарите.

Advertisements

„Противпожарната единица- Тетово до овој момент интервенираше на околу 500 пожари, а за разлика од претходните години имавме поголем број на пожари каде интервениравме на отворени површини како и пожари на објекти. Како што гледате, зголемувањето на температурите уште повеќе ни ја отежнува работата бидејќи имаме голема суша, па апелираме до населението да внимава. Капацитетите на бригадата Тетово се подготвени и доволни да дојдат на помош во цел Полог“, рече Авни Амети, раководител на ППЕ, Тетово.

Во готовност е и Секторот за внатрешни работи Тетово. Портпаролот на СВР- Тетово Фатмир Реџепи ги потсетува жителите на високите казни во случај на подметнување пожар, макар и од невнимание.

„Ја користам оваа прилика да ги потсетам сите граѓани дека правните импликации предвидуваат затворска казна од шест до осум години доколку бидат фатени при подметнување пожар, било од небрежност или намерно. Затоа ги предупредуваме граѓаните да не палат оган на отворени површини и да не оставаат стаклени предмети во природа бидејќи предизвикуваат пожари“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР- Тетово.
Со зголемена полициска контрола во деновите со високи температури ќе бидат местата кои најмногу се користат за излет овде во Тетово, како Попова Шапка, замокот и тетовски бањи, каде нема да се дозволи пожари кои можат да се прошират на објекти или отворени површини./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button