ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Протоколите за заштита од вирусот го ограничија пристапот на новинарите до парламентарните тела

Протоколите за заштита од вирусот значително го ограничија пристапот на новинарите до работата на парламентарните тела. Собранискиот канал ги емитува само пленарните седници и седницата на Комисијата за финансии за време на расправата за буџетот. Другите сесии на комисиите можат да се следат само преку електронскиот прелистувач „Интернет експлорер“ на веб-страницата на Собранието, но само по една сесија, онаа избрана од собраниските служби за емитување. Во неколку поголеми сали каде се одржуваат седниците на работните тела на Собранието, новинарите можат да бидат присутни, но не и камерите. Испративме прашања, но не добивме одговори што конкретно ќе стори Собранието за поголема транспарентност во овој поглед. Скоро сите парламентарни групи се согласуваат дека ова е сериозен проблем. Од СДСМ велат дека ова е дополнителна причина да се бараат „онлајн“ седници.

Advertisements

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ исто така оценува дека мора да се најде решение.

Во меѓувреме, според опозициската коалиција Алијанса – Алтернатива, продолжува информативниот мрак за активноста на комисиите, бидејќи некои нивни предлози за решавање на проблемот не се прифатени.

„Ние како пратеници и опозиција сме загрижени и го покренавме овој факт како прашање не еднаш, туку неколку пати затоа што пратениците се заинтересирани за тоа што се дискутира во комисијата за да стигне до ушите на граѓанинот. Се разбира, и граѓаните се исто така заинтересирани да слушнат што се случува тука во Собранието. Сметаме дека постои решение за ова, секогаш имајќи ја во предвид ситуацијата, околностите и мерките за спречување на ширење на ковид”, рече Сурија Рашиди, Алијанса за Албанците – Алтернатива.

Од Собранието претходно изјавија дека според Деловникот, собранискиот канал не може да емитува во живо седници освен пленарните, и расправата за буџетот во комисијата. Снимките од другите седници на работните тела на собранискиот канал се реемитуваат со неколку часа или денови доцнење, кога тие повеќе не  се вест за медиумите.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button