ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Не ни тргна со знамињата, словенечката министерка пречекана со знаме на Словачка

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон вчера во кабинетот на колегата Бујар Османи во Скопје беше пречекана со највиски почести и со згрешено знаменце.
На масата меѓу двајцата министри се вееја словачкото и македонското знаме. Дали Фајон ја забележала грешката и дали реагирала кај колегата Османи – не е познато.
Инаку, знамињата на двете земји се слични. Почнуваат со бела боја, сина, па црвена. Разликата е во амблемот кој на словенечкото знаме е главно син, а на знамето на Словачка е црвен.
Во официјалното известување од МНР за средбата на Османи со Фајон не е испратена фотографија од сребата во неговиот кабинет, туку од прес-конференцијата, каде двете знамиња се правилни.

