ЕКОНОМИЈА

Проверка на броила за да се спречи паушалното фактурирање на сметки

Покрај воведувањето нови тарифи, Регулаторната комисија за енергетика предлага четири пати во годината Електродистрибуција да ги чита броилата на потрошувачите на електрична енергија. Планот е, еднаш на три месеци екипа на Електродистрибуција да направи проверка на броилата. Сега тоа се прави еднаш годишно. Целта е да се намалат поплаките на граѓаните за паушално фактурирани сметки за струја кои стасуваат и на адреса кај народниот правобранител.

Advertisements

„Пикот на преставките по ова прашање беше кон крајот на 2021 година, кога и дојде до зголемување на цената на електричната енергија. Инаку, како бројка за преставките лани во однос на потрошената електрична енергија беше околу 90“, рече Насер Зибери, Народен правобранител.

Дополнително, граѓаните ќе имаат и можност да се договорат со енергетската компанија за рамномерно плаќање на сметките во текот на целата година. Регулаторот смета дека ова ќе биде привилегија за оние кои се греат на струја, бидејќи во зимските месеци сметките им се драстично повисоки од оние во летниот периот.

„Ако сака граѓанинот. Факт е дека ако се грее на струја може да плаќа шест илјади, па пак шест илјади па во март ќе плати четири илјади, па во април две и пол илјади, во летните месеци ќе плати по илјада и петстотини. За да биде порамномерно. Оваа опција е оставена за граѓанинот за да си направат порамномерна распоредба на сопствениот буџет“, рече Марко Бислимовски претседател на РКЕ.

До крајот на овој месец треба да бидат готови најавените тарифно модели, а со нив и новата – повисока цена на електричната енергија.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button