ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Прозиводители: За две недели ќе ги намалиме цените

Прозиводители: За две недели ќе ги намалиме цените

Во рок од две недели, домашните производители на основни прехранбени производи се очекува да ги ревидираат цените, бидејќи користат електрична енергија субвенционирана од државата. Иако сме во трет месец откако околу 230 компании од прехранбениот сектор користат струја која чини 80 €/MWh, наместо 200 евра, извештајот на Државниот пазарен инспекторат на крајот на февруари ќе покаже колку кој злоупотребил.

Advertisements

Од пекарскиот сектор во Стопанската комора, велат дека злоупотребувачите треба да бидат казнети од инспекторатот, но освен струјата, цените се скапи и за увезената суровина и недостигот на работна сила.

Граѓаните и понатаму секојдневно се жалат дека наместо да се намалат цените, најголем дел од производите се продаваат на маркетите со нови цени, дури и повисоки од пред воведувањето на субвенционираната струја.

Овошјето, зеленчукот и средствата за хигиена и понатаму се по високи цени.

 Нашата земја произведува околу 250 илјади тони жито годишно, додека потребите на населението се 330 илјади тони, што значи дека се увезуваат 80 илјади тони пченица/брашно, главно од Србија. И од секторот за месната и сточарската индустрија велат дека нема причина за намалување на цената, поради суровините.

„Секторот за месна индустрија е речиси целосно зависен од увозот на суровини. Околу 85% од замрзнатото месо за преработка, било да е пилешко, говедско или свинско, се купува преку океанот, Канада и Бразил. Високата цена на производите купени во странство според берзата, продолжува да ја диктира високата цена на пазарот“, велат од Стопанска комора, сектор за месна индустрија.

Иако има околу 1.000 компании за производство на храна, само 1/5 од нив покажале интерес да добијат субвенционирана струја, но надлежните велат дека сите производители морале да ги намалат цените за 7-12%.

И покрај најавите за казни, производителите не ги намалуваат цените за 10% . Откако почна да се применува субвенцијата од 1 декември, не беа намалени сите производи на маркетите, како што беше договорено меѓу Владата и приватниот сектор. Ова за 5 месеци  го чини буџетот околу 3,5 милиони € до месец април.

Меѓународната агенција за храна и земјоделство ФАО, веќе објави дека цените на храната на светските берзи се намалуваат девет месеци по ред. Но, во Македонија една година трошоците за живот се зголемени за 20 отсто, а најголема тежина во оваа инфлација има токму поскапувањето на храната./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button