ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прозиводителите на храна се бројат на прсти, а мерки нема

Прозиводителите на храна се бројат на прсти, а мерки нема

Македонија не само што го губи квалитетниот и стручен кадар, кој заминува надвор од државата во потрага по подобра егзистенција, туку се помал е бројот и на млади, кои се одлучуваат да се занимаваат со земјоделие, во време кога дури 70% од потребите за храна земјава ги задоволува од увоз. Во една ваква ситуација локалните производители се бројат на прсти.

Advertisements

„Тешки времиња се, тешко е економски,но мислам дека треба да се ценат младите производители бидејки се во изумирање. Нема интерес кај младите, мислат дека брзо можат да заработат тоа е проблем, ова ништо не е лесно. Сето тоа сака макотрпна работа, а економска криза е“, изјави Димитар Јовчески-производител на локална храна.

„Генерално поради состојбата во државава, младите заминуваат надвор, се помалку има луѓе кои останале да произведуваат некакви работи. Можеби треба поголемо внимание државата да посвети на производителите со некои мерки кои би дале резултат за понатака. Инаку за неколку години ние ќе немаме патлиџан, пиперка од кого да купиме,сирење ќе нема“, Насто Богоески-угостител.
И стручната фела предупредува на се поголемите проблеми, со кои земјава во иднина би се соочила.

„Младите бегаат од Македонија што е за мене жално. Мислам дека преку овие програми за субвенционирање на млади земјоделци, дека ќе се потикне тој претприемачки дух кај младите. Еден од поголемите проблеми на вкупната наша економија е неорганизираноста на субјектите за настап не само на странските пазари туку и неорганизирано се настапува на домашните пазари“, изјави Јованка Биљаноска-професорка на факултет за туризам.

„Ова е последниот момент кога треба трезвено да седнеме и сите заедно да разговараме на оваа многу важна тема. Многу веќе ги имаат затворено своите бизниси. Сметам дека сме пред една многу сериозна ситуација и со енергетската криза и со кризата со храна“, изјави Ангела Пасквал-професорка на Факултет за туризам.

Дополнителен проблем предупредуваат е и внатрешната миграција, која во изминатиот педесетина години ги оставила селата и полињата празни.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button