
За прв пат во историјата се случи татко и син да играат заедно на паркетот, дури и на претсезонските натпревари во НБА лигата.
Леброн Џејмс и неговиот син Брони Џејмс се најдоа на теренот во поразот на Лос Анџелес Лејкерс од Феникс Санс. Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња има 39 години, влегувајќи во својата 22-ра сезона и седма со овој тим на ЛА Лејкерс, додека Брони има 20 години дебитира оваа сезона во дресот на „езерџиите“.
Долгогодишната желба на Леброн беше да игра кошарка додека не одигра една сезона со својот син, а во неделата вечерта Брони првпат го делеше теренот со неговиот татко и одигра 13 минути за кои не постигна ниту еден поен. Леброн, пак, заврши со 19 поени. Натпреварот меѓу ЛА Лејкерс и Феникс Санс заврши со резултат 114-118.