ВЕСТИСПОРТФУДБАЛ

Шпанија – Италија, прв полуфинален меч на ЕУРО 2020

Со денешниот полуфинален натпревар меѓу репрезентациите на Шпанија и Италија продолжува Европското фудбалско првенство. Шпанија досега има постигнато најмногу голови во ова натпреварување, и оваа репрезентација е без пораз во 13 последователни натпревари од октомври лани. Од друга страна, Италија има серија од 32 натпревара без пораз од септември 2018 година.

Во групната фаза, Италија не прими ниту еден гол, со три победи, а потоа ја совлада Австрија по продолженијата (2:1), како и најдобрата селекција според ранг-листата на ФИФА, Белгија со 2:1. Овие две селекции во 2012 година се сретнаа во финалето на Европското првенство, а тој натпревар Шпанија го доби со 4:0. Денешниот меч е во од 21 часот на „Вембли“ во Лондон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button