
Првиот случај на мајмунска сипаница е потврден во Косово, соопшти Институтот за јавно здравје во Приштина.
Во соопштението се наведува дека микробиолошката лабораторија во четвртокот потврдила увезен случај на мајмунска сипаница.
Се нагласува дека мажот (30) се вратил од западноафриканска држава и сега е хоспитализиран на Инфективната клиника, како и дека е во стабилна здравствена состојба.