ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прв состанок на Советот за стабилизација и асоцијација ЕУ – Северна Македонија во Скопје

Во Скопје денеска ќе се одржи 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Европската Унија и Северна Македонија со кој ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски.

Advertisements

На состанокот ќе учествуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, како и претставници на земјите членки на Европската Унија и европските институции.

Состаноците на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу земјава и ЕУ досега се одржуваа во Брисел, а ова е првпат вакво заседание да се одржи во Скопје, што од македонска страна се оценува како „одличен сигнал сам по себе“.

Според најавите, нa состанокот ќе се разговара за статусот на реформите, напредокот во евроинтеграциите и за билатералните односи во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button