ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Прва фаза од редовната дезинсекција на подрачјето на Битола
Прва фаза од редовната дезинсекција на подрачјето на Битола

Екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола ја спроведуваат првата фаза од редовната дезинсекција во градот и околината, и со цел уништување на возрасни форми на комарци.
Со дезинсекцијата опафатени се зелените површини на целото градско подрачје и периферијата на градот, а третирањето се врши од земја, во вечерените часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставено на возило означено со ротационо светло.
Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информираат дека за да се избегнат несакани последици, битолските пчелари треба да преземат мерки за заштита на пчелните семејства.
Првата фаза од редовната дезинсекција на подрачјето на Општина Битола завршува во четврток на 5 јуни, посочија од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.